Отстранета карпата која им се закануваше на кратовци

Петок, 25 Јули 2014 19:33 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Огромниот камен блок надвиснат над патот во близина на пазарот во Кратово веќе нема да претставува опасност по минувачите и возилата. Вчера градежната оператива на „Гранит“ го урна, а денес работници ангажирани од локалната самоуправа ги расчистуваа остатоците од карпата. Во изминатиот период неколкупати се случуваа одрони на карпи на потегот од автобуската станица до Карши Бавча, а за среќа ниту еднаш немаше повредени граѓани.

alt

 

Сподели