Отворен ден на плоштадот во Кратово - кампања „На секое дете му треба семејство“

Среда, 13 Јуни 2018 10:14 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

http://www.opstinakratovo.gov.mk/wp-content/uploads/2018/06/%D0%9D%D0%B0-%D1%81%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%B5-%D0%B4%D0%B5%D1%82%D0%B5-%D0%BC%D1%83-%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B0-%D1%81%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D1%98%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-1.jpgЈУ Центар за социјална работа Кратово по повод Националната кампања за промоција на згрижувачки семејства „На секое дете му треба семејство“ организирана и подржана од Министерството за труд и социјална политика, Уницеф Македонија и СОС Детско Село Македонија, ги известува и воедно поканува сите заинтересирани граѓани на општина Кратово да земат  присуство и да се запознаат подетално во врска со кампањата „На секое дете му треба семејство“ на ден 14 јуни со почеток во 13.00 часот на Градскиот Плоштад во Кратово.
Отворен ден Кратово „На секое дете му треба семејство“ ќе започне во 13 часот на кој ќе присуствуваат и ќе се обратат Шефот на канцеларијата на Уницеф во Македонија, г-дин Бенџамин Перкс, Министерката за труд и социјална работа г-ѓа Мила Царовска, претставници од СОС Детско Село Македонија. Воведен збор ќе зеде Градоначалникот на општина Кратово г-дин Љупчо Бојаџиев.

Сподели