gogo

A+ R A-


Полски грант од 16.000 евра за градинката во Кратово (ВИДЕО)

Е-пошта Печати PDF

alt

Детската градинка „Царка Андреевска“ во Кратово наскоро ќе биде реновирана со средства од полската амбасада. Посетата на полскиот амбасадор Јацек Мултановски на Кратово, остварена во месец февруари, деновиве резултираше со грант во висина од еден милион денари. Средствата ќе бидат искористени за промена на старите дрвени врати и прозори и реновирање на тоалетите.
-Сакам да изразам голема благодарност до Амбасадата на Република Полска и амбасадорот Јацек Мултановски, кој е чест гостин и голем пријател на Кратово. Тој самиот изрази желба полската амбасада да донира милион денари за реновирање на детската градинка „Царка Андреевска“ во Кратово - истакна градоначалникот Мите Андоновски.
Во кратовската градинка престојуваат околу 150 деца. Со реновирањето на градинката се очекува да се подобрат условите за престој на дечињата.
О.А.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.