„Помогни и згрижи“ - трибина на 10 јануари во Кратово

Четврток, 03 Јануари 2019 11:54 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

И З В Е С Т У В А Њ Е

ЈУ Центар за социјална работа Кратово, со цел зголемување на бројот на згрижувачки семејства, со подршка на локалната самоуправа при општина Кратово и Агенцијата за вработување ПЕ Кратово организира ТРИБИНА – Згрижувачки семејства „Помогни и згрижи“ (на ден 10.01.2019) четврток во 13.30 часот во општинска сала за состаноци.

Се покануваат сите заинтересирани граѓани на општина Кратово да земат активно учество во истата.

На трибината ќе биде претставена формата на згрижувачко семејство, постапката и процедурата како се станува згрижувач, како и кои се бенефициите на згрижувачките семејства.  ЈУ Центар за социјална работа -Кратово.

child holding teddy bear
Сподели