Поради лошото време, „Априлијада“ ќе се одржи во кино-салата во Кратово

Среда, 30 Март 2022 20:23 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати
Први Април, Ден на шегата и смеата кој широко се прославува низ цел свет. На тој ден карактеристични се маските кои имат цел да не насмеат и расположат.
Петок, 11 часот, во Мултимедијален центар – Кино сала, поради најавата од дожд ќе го одбележиме 1ви Април со различни интересни и уникатни маски од страна на дечињата од Detska Gradinka Carka Andreevska и учениците од ООУ „Кочо Рацин“ - Кратово заедно со нивниот воспитен тим.
Бидејќи целта е среќа и смеење, на овој ден никој не треба да им се налути на шегата и лагата кажани од дечињата.
Очекуваме кино салата во петок да биде најшарено и највесело место, односно на сите мали дечиња кои што ќе дојдат тој ден ќе им овозможиме освен весели детски песнички и гледање на 2 епизоди од детската серија „Свеќичката Оги“ и тоа насловите: Маскенбал и Малото маче.
Повелете на Априлијада во петок 11 часот!!!
Можно е да е слика од текст
Сподели