gogo

A+ R A-


Повик до невработените во Кратово да ги користат програмите за вработување од АВРМ

Е-пошта Печати PDF

altБранот иселувања што го зафати Кратово, дефинитивно ја промени демографската структура во нашата Општина. Бројките се поразителни, но постои надеж дека бранот може да запре доколку невработените во општината одлучат да користат некоја од мерките од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година, за кој во Буџетот се издвоени рекордни 1,1 милијарда денари.

Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат создавање на нови работни места, поддршка за креирање на нови работни места, посебно на младите и корисниците на право на парична помош од социјална заштита“ - не информираше раководителот на подрачната единица - Центар за вработување во Кратово, Магделена Арсовска.
Во продолжение, со клик врз линкот, сите заинтересирани може да се запознаат со активните програми и мерки за вработување, а за повеќе информации може да го посетите Центарот за вработување во Кратово.
http://av.gov.mk/content/pdf/OP2019_web.pdf

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

green-green-green

my way

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1712
mod_vvisit_counterВчера3904
mod_vvisit_counterОваа недела1712
mod_vvisit_counterМинатата недела28199
mod_vvisit_counterОвој месец77714
mod_vvisit_counterМинатиот месец119770
mod_vvisit_counterВкупно11296885
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.