gogo

A+ R A-


Распишан огласот за запишување на ученици во СОУ „Митко Пенџуклиски“ - Кратово

Е-пошта Печати PDF

altВкупно 136 слободни места се отворени во средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово за упис во прва година во учебната 2015/2016. Според објавениот конкурс, кратовското училиште планира да запише 136 ученици во вкупно 4 паралелки.

-гимназиско образование, 68 ученици во 2 паралелки

-угостителско-туристичка струка (угостителски техничар за рурален туризам), 34 ученици во 1 паралелка

-хемиско-технолошка струка (прехранбен техничар), 34 ученици во 1 паралелка

altУчениците треба да ги приложат следните документи:

-оригинални свидетелства од 6 до 9 одделение

-извод од матична книга на родени (не е важен датумот кога е изваден)

Првиот уписен рок е на 22 и 23 јуни 2015 (од 08.00 до 15.00), а второто пријавување е на 29 и 30 јуни 2015. Пријавување ќе има и во августовскиот уписен рок, на 24 август.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.