РЕФОРМИ: Часот на основците ќе трае 55 минути, ќе има помалку предмети

Среда, 17 Јануари 2018 15:06 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Поголема слобода во реализацијата на наставната програма за наставниците, интензивно користење на учењето низ игра и растоварување на учениците од прво до трето одделение ќе бидат дел од промените кои Министерството за образование и наука ги најави денеска. Суштинските промени наменети за учениците од прво до трето одделение ќе бидат достапни на јавноста и секој ќе може да даде свое мислење, сугестија, а доколку бидат прифатени промените, можно е некои од нив да бидат применети и од наредниот септември. alt

Најавено е дека ќе се намали и употребата на тестовите за проверка на знаење, а ќе се форсира непосредната проверка од страна на наставниците.
Една од поголемите промени е часот за децата од прв до петто одделение да трае по 55 минути, со тоа што 15 минути од часот ќе бидат наменети за одмор на децата. Наставникот ќе има слобода да одлучува дали и кога им треба одмор на учениците. Се препорачува еден од одморите да се одвива надвор од училницата.
Во прво одделение учениците не смеат да имаат повеќе од 4 часа дневно. Ќе биде воведено физичко и здравствено образование, а во погорните – спорт. На часовите по овој предмет со наставникот ќе соработува стручен наставник за да се реализира наставата.
Досегашните предмети Природни науки и Општество ќе станат – Светот околу нас. Ликовно и музичко образование ќе се интегрираат во еден предмет – Уметност.
Во прво одделение учениците ќе ги имаат следните предмети: мајчин јазик, математика, Светот околу нас, Физичко образование, Уметност и Англиски јазик. Истражувањата покажуваат дека долго време седење во училница создава агресија кај децата.

Сподели