Реконструиран турскиот затвор во Кратово, ќе биде отворен за туристички посети

Среда, 19 Јули 2023 17:04 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати
Деновиве заврши реконструкцијата на Турскиот затвор (Стар Ан), објект кој е еден од клучните обележја на градот и дел од туристичката понуда на Кратово.
Со овој проект се овозможува да Турскиот затвор од запуштена локација биде на листата атрактивни културни споменици кои ке можат да се посетуваат од домашни и странски туристи.
Успешно и квалитетно спроведена активност со чистење на површините од маховина и влага, правење дренажни одводи, хидро изолација на површините и ѕидовите како и ентериерно уредување со нов под од дрво, осветлување, изградба и опремување на тоалети.
alt
 
Сподели