Реконструирано спортското игралиште во Туралево

Среда, 21 Декември 2022 19:12 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Жителите на кратовските села Туралево и Живалево добија спортско катче каде ќе може да се рекреираат и спортуваат. Деновиве е завршена санацијата на спортскиот терен со целосна реконструкција на игралиштето, трибините и околината, со поставување на тампонски слој, вградување нов асфалт, одбележување и поставување на кош и фудбалски столбови со заштитна мрежа, како и одведување на атмосферските води.
Рекострукцијата е направена со средства од буџетот на Општина Кратово.

alt

Сподели