РУДАРСКА СОЛИДАРНОСТ: Колегите собраа 22.000 денари за опожарениот дом на својот колега

Среда, 06 Февруари 2019 13:47 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Во знак на солидарност со својот колега Борко Крстевски, „кратовската смена“ во рудникот Добрево собра донација во висина од 22.000 денари и лично му ја предаде на рударот чија куќа неодамна изгоре во кратовската населба Зорле. Рударите одвоија по 500 денари од своите месечни примања како финансика поддршка за својот колега, кој наскоро ќе започне со санација на опожарениот дом.alt

Сподели