Само 37 ученици се запишаа во прва година во „Митко Пенџуклиски' во Кратово

Понеделник, 04 Јули 2022 12:27 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Преселбата во поголемите градови но и надвор од границите на Македонија, му задава сериозни проблеми на градот Кратово години наназад. Бројот на жители во градот постепено се намалува, а овој удар го чувствува и средното училиште „Митко Пенџуклиски“. За новата учебна година се запишаа само 37 ученици, бројка која е поразителна и сериозно загрижувачка. Дваесет и четири се запишаа во гимназиско образование, тринаесет во угостителско-туристичка струка и ниту едно во хемиско - технолошка струка.
Според последниот попис направен во 2021 година, во Општина Кратово живеат околу 7.500 жители.

alt

 

 

Сподели