gogo

A+ R A-


Се одржа 5-тиот меѓународен тамбурашки фестивал во Кратово (ВИДЕО)

Е-пошта Печати PDF


Општина Кратово по петти пат беше домаќин на меѓународната музичка манифестација „Европски фестивал на тамбурашки орксетри“. Фестивалот традиционално го организира здружението „Св.Ѓорѓи Кратовски“, под покровителство на Министерството за култура и градоначалникот на Општина Кратово. Оваа манифестација претставува бренд на град Кратово, вековна традиција на негување на македонската староградска песна преку која се промовира културното и музичкото творештво.
-Општина Кратово продолжува да организира манифестации од областа на културата. По „Златни денови“, еве се одржа по петти пат и меѓународниот тамбурашки фестивал, со гости од три балкански земји. Овој фестивал полека прераснува во традиција и во иднина ќе се потрудиме да го издигнеме на уште повисоко ниво – истакна градоначалникот Мите Андоновски.
Фестивалот е од меѓународен карактер и е дел од агендата на Европскиот тамбурашки сојуз. На него се претставија тамбурашки оркестри од Кратово, Шид (Србија), Семељаци (Хрватска) и Бања Лука (БиХ). Специјален гостин беше музичката легенда Нино Величковски.
-Сите оркестри кои годинава учествуваат на фестивалот се високо ценети во своите земји, со многу награди и признанија зад себе. Кратово има тамбурашка традиција долга над сто години и кратовската публика со овации им оддаде признание на сите учесници на фестивалот – рече организаторот Милош Димитровски.
Со громогласен аплауз публиката за победник на фестивалот го прогласи тамбурашкиот оркестар од Семељаци (Хрватска).    О.А.

alt



Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.