Се одржа манифестацијата „Ден на компирот“ во Кратово (ВИДЕО)

Петок, 17 Мај 2013 14:40 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Во Штип има денови на пастрмајлијата, Прилеп е познат по виткањето сармички, а во Кратово се случува „ден на компирот“. Иако оваа манифестација се одвива по втор пат, за кратко време ги освои симпатиите на кратовци и се очекува да стане традиционална.

-Денеска бевме сведоци на манифестација на која можевме да видиме изработки на разни интересни форми од компир, но и да вкусиме традиционални кратовски јадења, повеќе од стотина на број. Манифестацијата се одржува по вторпат и очекуваме да прерасне во традиционална – истакна градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски.

Според замислата на наставниците, „Компиријадата“ треба да биде поттик учениците да го засакаат компирот како основа на здравата исхрана.

-Ова се направи со цел да се подигне свеста кај учениците, бидејќи компирот спаѓа во здрава исхрана – вели наставничката Лидија Арсовска.

-Од компирот се прават разни јадења како пире и мусака. Него го препорачува и доктор Оз да го јадеме редовно – рече првоодделенецот Дамјан.

Организаторите најавија дека во иднина „компиријадата“ ќе се одвива на есен, кога кратовскиот компир е најсочен и со најдобар квалитет.

Оливер Арсовскиalt

Нашето училиште ,,Кочо Рацин,,-Кратово е вклучено во активности за Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем.Програмата веќе се спроведува неколку години и во неа се опфатени градинките, основните и средните училишта. Едукацијата на најмладите за важноста на здравата храна и влијанието врз нивниот понатамошен развој отсекогаш претставувала многу важен дел во развојот на нашето образование. Со оваа акција сакаме да ја подигнеме свеста кај најмладата популација и родителите за создавање и практикување на здрави навики во исхраната, но и да дадеме подршка на Денот на компирот како значајна иницијатава на нашето училиште за градење на здрави поколенија. Втора година откако го чествуваме овој празник-Ден на компирот. Традицијата треба најсовесно да се негува и продолжува.Активно беа вклучени учениците од повеќе одделенија во подготовка на храна која е изработена од компир како карактеристично одбележје на кратовскиот крај.Беа претставени различни сорти компири, при што присутните гости успееја да дегустираат од вкусните специјалитети направени од вредните рачиња на учениците.Упатувам голема благодарност до сите организатори и гости кои помогнаа овој празник на компирот да стане традиционален во нашата општина.   Автор:Емилија Симонова

alt

Сподели