Семејството Крстевски од Кратово остана на улица, пожар им го уништи домот (ВИДЕО)

Понеделник, 14 Јануари 2019 19:14 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altСамо испукани и зачадени ѕидови останале од домот на семејството Крстевски од Кратово. Пожарот кој избувнал синоќа во вечерните часови за миг го уништи сето она што ова тричлено семејство го создавало со години. За среќа, нема повредени затоа што сопственикот на куќата бил на работното место во рудникот Добрево, а неговата сопруга и ќерќа биле на лекување во Скопје. Пожарникарите стигнале за кусо време, но само со лопати и противпожарни апарати, бидејќи обилниот снег не дозволил пожарникарското возило да пристапи до куќата. По пожарот, семејството Крстевски остана на улица и бара било каква помош.
-Се ми изгоре во пожарот, немам ништо. На улица сум. Пред еден месец ќерќа ми имаше операција од рак, ме чинеше 5.500 евра, десет дена подоцна и сопругата имаше операција на колковите која чинеше 1.500 евра. Сега немам ништо, ако има некој душа и грев, нека ми помогне – ни раскажа Борко Крстевски.
Борко ноќта ја мина под отворено небо, затоа што нема роднини во Кратово кои би го вдомиле на неколку дена, а неговата семејна куќа во селото Димонце одамна е падната. Снегот и денес продолжи да паѓа во Кратово, а наскоро и семејството ќе се врати од лекување во Скопје. Борко сака да ги пречека во обновен и топол дом, но дали ќе успее во тоа? На потег се граѓаните и институциите да ја покажат својата хуманост и да му помогнат на ова семејство. Оливер Арсовски
-----------ЖИРО СМЕТКА ЗА ДОНАЦИИ
Убавка Крстевска - Кратово
НЛБ банка
210-501704325454

alt

Сподели