Си оди дома големиот пријател на Кратово, амбасадорот Јацек Мултановски

Вторник, 12 Јуни 2018 19:32 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altАмбасадорот кој беше голем љубеник во Кратово и уште поголем пријател на кратовци, Јацек Мултановски, ја заврши дипломатската служба во Македонија и се враќа во родната Полска.  Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска на проштална средба го прими  Јацек Мултановски. Македонскиот претседател изрази благодарност за поддршката што Република Полска ѝ ја дава на Република Македонија во остварувањето на највисоките стратешки цели, полноправно членство во Европската унија и во НАТО.

Амбасадорот Мултановски се заблагодари за укажаното гостопримство во текот на неговиот мандат, изразувајќи задоволство од вршењето на дипломатската должност во Република Македонија.

Претседателот Иванов изрази задоволство од професионалниот ангажман на амбасадорот Мултановски и неговиот придонес во успешниот развој на пријателските односи и соработка меѓу Република Македонија и Република Полска, притоа посакувајќи му натамошен успех на личен и професионален план.

Сподели