gogo

A+ R A-


Снегот не го попречи Денот на дрвото - во Кратово ќе се засадат 12.000 садници

Е-пошта Печати PDF

На територијата на градот Кратово се засадија повеќе различни видови на дрвја, дел листопадни, дел зимзелени, во рамки на традиционалната манифестација „Ден на дрвото – засадија својата иднина“, која се одржува по 17-ти пат.
-Во есенската акција спроведена денес во Кратово, во атарот на селото Крилатица, беа засадени голем број садници од вкупно 12.000 садници, колку што планираме во следните денови да засадиме. Се засадуваа чемпрес, багрем, смрека и доглазија, дрвја кои одлично виреат во нашиот регион. Акцијата сметам дека е успешна, затоа што голем број ученици и граѓани на Кратово излегоа и засадија дрвца – вели Горан Колевски, директор на кратовската подружница на ЈП „Македонски шуми“.
Во денешната акција активно учество зедоа и основните и средните училишта преку организирање на наставен ден со посебна програма и со организиран автобуски превоз стигнаа до локацијата на која се засадуваше. О.А.

alt

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.