Со 46.000 евра од јапонската амбасада заменети вратите и прозорците во Здравствен дом - Кратово

Среда, 07 Декември 2022 18:14 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Заменети се вратите и прозорците на Здравствен дом во Кратово, преку GGP-проектот на јапонска амбасада во земјава, со што пациентите и вработените во здравствената установа добија подобри услови за добивање и пружање на здравствена помош.

Амбасадорот на Јапонија, Савада Хиронори, градоначалникот на Општина Кратово, Тодорче Николовски и в.д. директорот на ЈЗУ Здравствен дом Кратово, Влатко Бојковски, присуствуваа на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во Јавната здравствена Установа (ЈЗУ) Здравствен дом Кратово.

Со овој проект, Јапонија изврши реновирање на ЈЗУ Здравствен дом Кратово преку замена на врати и прозорци, во вкупен износ од 46,333 евра.

Во текот на посетата, амбасадорот Савада оствари средба со градоначалникот на Општина Кратово, Тодорче Николовски, и в.д. директорот на ЈЗУ Здравствен дом Кратово, Влатко Бојковски на која разговараа за можностите за идна соработка.

Преку GGP, досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од 3 милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош. Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за COVID-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со КОВИД-19.

Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општина.
alt

 

Сподели