Во изложбениот салон на Музејот на Кратово, претседателот на Општинската организација на Сојузот на борци од Кратово, Миле Марковски, одржа историски час на кој говореше за ликот и делото на Св.Ѓорѓи Кратовски и Митко Пенџуклиски. Свои творби читаа и учениците од ОУ „кочо Рацин“ и СОУ „Митко Пенџуклиски“, посветени токму на светецот Ѓорѓи и на патронот на кратовската гимназија, Митко Пенџуклиски.
Во рамки на средбата со членовите на органиацијата, претседателот Марковски даде отчет за сработеното во претходната година, а ја изложи и програмата за оваа година. Тој изрази благодарност и до градоначалникот Мите Андоновски, кој секоја година финансиски го поддржува работењето на Сојузот на борците.