СОУ „Митко Пенџуклиски“ го одбележа патрониот празник и ги награди најдобрите ученици

Четврток, 17 Февруари 2022 15:12 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ од Кратово денес со скромна прослава го одбележа патрониот празник и 62 години од своето постоење. На настанот покрај вработените и учениците од средното училиште, присуствуваше и градоначалникот на Кратово, Тодорче Николовски, неколку советници и други претставници од општинската администрација, кои положија свежо цвеќе пред бистата на патронот.
Веќе традиционално се доделија и награди, за литературна творба беше наградена ученичката Мартина Стојановска, а за најдобра ликовна творба награда доби Бојана Арсовска. Награди во вид на ваучер добија и неколку ученици заедно со своите наставници - ментори за високи постигнувања на државни натпревари.
Директорот на училиштето, Ѓеорги Цветков, го додели и преодниот трофеј на IV-2 за најдобар клас со просек 4.48, а пехарот го прими ученикот Марио Станојковски.
alt

alt

alt

alt

Сподели