gogo

A+ R A-


СОУ „Митко Пенџуклиски“ подновено за новата учебна година

Е-пошта Печати PDF

Новата учебна година за учениците и вработените во средното училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово започна со низа подобрувања кои треба да ги подобрат условите за работа. Речиси сите активности беа завршени во текот на летниот распуст, а зафати имаше и во ученичкиот интернат.
alt-Годинава одлучивме комплетно да го реновираме тоалетот кој го користат вработените, кој беше во многу лоша состојба. Спортската сала исто така доби нов тоалет, кој ќе можат да го користат и спортските екипи кои имаат натпревари во салата. Почнавме и со замена на старите завеси во сите училници во училиштето со нови, за да заштити компјутерската опрема од оштетување од високите температури. По барање на инспекторатот, поставивме и висока челична ограда околу игралиштето во дворот на училиштето. Во ученичкиот дом го обновивме паркетот во сите ученички соби, се молерисаа скоро сите простории, а поставивме и соларен колектор за потребите на кујната, со цел да заштедиме енергија - истакна директорот Тони Јанев.

altaltalt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.