СОУ „Митко Пенџуклиски“ во ново руво

Недела, 15 Декември 2019 19:59 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Изминатиов период во средното училиште „Митко Пенџуклиски“ интензивно се одвиваа градежни активности, со цел подобри услови за учениците и вработените во училиштето. Воучилишниот двор се поставија бекатон плочи во црвено-жолта комбинација, а под нив се поставија пластични цевки за одвод на атмосферските води. Старата дотраена ограда се замени со нова, а се изгради и летна тераса за вработените, каде ќе може да го минуваат слободното време во паузите меѓу часовите.
Следна цел на менаџментот на училиштето ќе биде реновирање на спортската сала и замена на стариот дотраен под.
alt

Сподели