Спроведена акцијата „Засади дрво“

Четврток, 01 Април 2010 15:05 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Кратовци ја засадија иднината по петти пат

пишува - Оливер Арсовски

Во Кратово по петти пат се спроведе акцијата за пошумување која е дел од пошироката национална акција „Ден на дрвото“. Според планот, пошумувањето се вршеше на локација во близина на филтер-станицата на пат кон селото Близанци. Акцијата почна во 8:00 часот наутро со учениците од кратовските училишта, а подоцна продолжи со

вработени од сите институции од градот како и граѓаните. Настанот беше посетен од страна на министерот за земјоделство Љупчо Димовски, кој беше пречекан од градоначалникот Мите Андоновски, пратеникот Марјанчо Колевски и директорот на кратовското шумско стопанство Благе Митевски.

Сподели