Среќна матура, драги наши кратовски матуранти

Петок, 20 Мај 2022 11:34 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати
Почитувани матуранти во СОУ „Митко Пенџуклиски“,
секој период во животот претставува поглавје кое нема реприза, а токму едно такво поглавје е и ова што веќе заминува.
Вие сте генерација на дигиталната технологија, генерација, која дел од образовниот процес го помина со учење на далечина, генерација, која немаше многу можност за забави и дружења, но, и покрај сѐ, го изодевте средношколскиот пат, се стекнавте со нови пријателства, се стекнавте со теоретско и практично знаење, созреавте, пораснавте...
Добре дојдовте во светот на возрасните! Отсега бидете уште поуспешни и нека ве следи среќа на секое поле.
Колективот од СОУ Митко Пенџуклиски“ од срце ви го честита матурирањето и ви посакува многу здравје, среќа и успех во животот.
alt
Сподели