Станува сериозно, Кратово стигна до 32 активни случаи на Ковид-19

Понеделник, 02 Ноември 2020 20:24 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Дваесет и едно лице починаа за 24 часа по компликации од ковид-19, а од 1.325 тестови, регистрирани се 565 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Новозаболените се од: Скопје-230, Куманово-35, Штип-13, Прилеп-65, Тетово-39, Струга-1, Велес-27, Битола-15, Охрид-3, Кавадарци-10, Гостивар-27, Гевгелија-13, Струмица-17, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Крушево-3, Кочани-15, Пробиштип-3, Берово-5, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Кратово-6, Свети Николе-4, Кичево-3, Ресен-1, Неготино-9.

alt

 

Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 32.997, оздравеа 21.244, починаа 1025, а активни случаи се 10.728. Денеска се регистрираат четири контролни теста од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 14.272, активни 5.042
• Куманово 2.365, активни 466
• Дебар 346, активни 54
• Штип 1.728, активни 306
• Прилеп 1.441, активни 565
• Тетово 2.332, активни 636
• Струга 837, активни 110
• Велес 843, активни 438
• Битола 740, активни 299
• Охрид 736, активни 258
• Кавадарци 548, активни 240
• Гостивар 1.272, активни 259
• Гевгелија 416, активни 200 (21 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 69 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.010, активни 568
• Крива Паланка 253, активни 101
• Радовиш 251, активни 90
• Крушево 32, активни 11
• Кочани 750, активни 223
• Пробиштип 212, активни 72
• Демир Хисар 85, активни 18
• Македонски Брод 106, активни 10
• Пехчево 60, активни 8
• Берово 220, активни 56
• Валандово 111, активни 40
• Виница 190, активни 73
• Делчево 264, активни 109 (66 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 62, активни 32
• Свети Николе 494, активни 91
• Кичево 596, активни 191
• Ресен 254, активни 69
• Неготино 171, активни 93 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)alt

Сподели