gogo

A+ R A-


Страцин е „црна точка“, однесе уште еден живот во сообраќајна несреќа

Е-пошта Печати PDF

Едно лице загина, а четири други се повредени во вчерашната сообраќајна незгода што се случи кај селото Страцин во Општина Кратово.
Според информациите од портпаролот на Секторот за внатрешни работи – Куманово, Живкица Чавдаревиќ, несреќата се случила попладнево, околу 15:50 часот кај селото Страцин, клучката кај местото „Чатал”, спој на регионалниот пат од Општина Кратово со магистралниот пат А2, Куманово – Крива Паланка.
Чавдаревиќ посочи дека во незгодата дошло до директен судир помеѓу две патнички моторни возила, голф со регистарски ознаки од Општина Македонска Каменица и патничко моторно возило марка БМВ, со тетовски регистарски таблички.
– За жал, сообраќајната незгода заврши фатално за еден од патниците во возилата кои учествувале во незгодата, а четири лица се здобиле со телесни повреди и пружена им е потребната медицинска помош. МВР работи на утврдување на причините за несреќата, подетални информации ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден, рече Чавдаревиќ.Stracin | Mapio.net

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija 10 godini

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1165
mod_vvisit_counterВчера5268
mod_vvisit_counterОваа недела6433
mod_vvisit_counterМинатата недела39506
mod_vvisit_counterОвој месец150104
mod_vvisit_counterМинатиот месец170051
mod_vvisit_counterВкупно13528589
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.