Свети Трифун или Свети Валентин???

Сабота, 13 Февруари 2021 13:09 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Свети Трифун или Свети Валентин? Прашање особено актуелно последниве десетина години, дилема недоволно разјаснета кај верниците и особено младите луѓе.
А вистината е следната. И двајцата светии, и свети Трифун и свети Валентин се свети маченици за верата христијанска. Тие се свети мажи кои си го дале животот за верата. Биле мачени и убиени заради Христа. Пострадале во времето кога христијанството било гонето и кога христијаните биле убивани, само, ако јавно говореле дека се христијани и ако други учеле во верата.

Свети Трифун и свети Валентин живееле во третиот век и правеле многу добрини и чуда, помагајќи им на луѓето, пожртвувано до смрт. Дале сè што имале и себеси се дале, за да им направат добро на другите, водени само од љубов кон луѓето и кон Бога. Такви биле и двајцата: добротвори, чудотворци и маченици. Свети Трифун бил убиен во 250 година, а свети Валентин во 273 година – 23 години подоцна. И на двајцата им била отсечена главата со меч, по наредба од царот.

Точно е дека биле едниот од Исток, а другиот од Запад, но не биле далечни како исток и запад, туку биле едно и заедно во Господа Исуса Христа, за Кого и умреле, со иста вера – христијанска.
Тие не се исклучуваат меѓусебно, едноставно православните христијани традиционално го слават помпезно Свети Трифун, со векови наназад, додека католичкиот свет акцент става на Свети Валентин.
Во прилог погледнете го видеото кое говори за прославата на Свети Трипун на нашите простори.
Резултат со слика за трифун или ванелтин

Сподели