ТРОГАТЕЛНО:Деветгодишната Биле од Трновац боледува од тумор на малиот мозок, а нема кој да и помогне

Четврток, 23 Февруари 2017 22:41 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altБилјана Пешевска на 22 април ќе наполни 9 години. Животот и беше идиличен, каков што е вообичаено на село. Со својот три години постар брат Лука поминуваа безгрижни детски денови, исполнети со радост и среќа. Во скромниот дом во кратовското село Трновац, во две мали сопчиња, без бања, живеат скромен живот, на работ на сиромаштија. Живеат со болниот и делумно неспособен за работа татко Даниел. Со социјална помош од 2.400 денари, без приходи од плата, се бореа со сиромаштијата, но беа среќни. Се до едно утро, на 29 јануари оваа година, кога малата Биле се разбуди со страшни главоболки и нагон за повраќање. Утредента Биле заминала на испитувања на скопските клиники, каде лекарите ја соопштиле најлошата вест. Биле боледува од МЕДУЛОБЛАСТОМ, односно малиген тумор на малиот мозок. На 3-ти февруари лекарскиот тим на детска хирургија извршил оперативен зафат, отстранувајќи го туморот со големина на помала мандарина. Следните неколку дена е следена состојбата на Биле и таа, во солидна состојба се врати пред неколку дена во својот дом.
altСемејството Пешевски сега се соочува со големи финансиски проблеми затоа што нема средства за продолжување на терапијата која Биле во следните 6 недели треба  секојдневно да ја прима во Скопје. Ја чека радиотерапија и хемотерапија, но Биле не сака да остане цел месец во болнички кревет, а семејството нема пари за да патува секој ден на релација Скопје - Кратово. Досега потрошиле околу 30.000 денари, средства кои ги обезбедиле од најблиските роднини, пријатели и соседи. Допрва ги очекуваат уште поголеми трошоци, а таткото Даниел има нарушено здравје и нема како да ги заработи.
Малечката Биле неколкупати се расплака пред камерата, кажувајќи ја со растреперен глас својата најголема желба. На 22 април, кога ќе полни 9 години, да не пречека здрава и насмеана, а добрите луѓе да и помогнат да ја победи лошата болест. Со солзи во очите, едвај процеди дека сака лаптоп, на кој ќе може да ги игра омилените игрички и да комуницира со своите другарчиња.
Децата се невини суштества и заслужуваат да бидеме милосрдни кон нив. Сите што имаме барем грам човечност и хуманост во себе, можеме да уплатиме парична донација на трансакциската сметка на таткото Даниел. Сто, двеста или петстотини денари нема да не осиромашат, но ќе значат живот за малата Биле. Хуманоста во неограничени размери ја покажавме пред два месеци, кога се собраа десеттици илјади евра за лекување на Давид од Кратово, а ќе ја покажеме уште еднаш, кога на Биле и се потребни далеку помалку средства за да ја победи злокобната болест, душевната болка по мајка си, но и тешката сиромаштија со која се соочува.  Оливер Арсовски
Даниел Пешевски
Сметка - 320 - 5000266219 - 22
Централно-кооперативна банка

alt

Сподели