ТВ СИТЕЛ влезе во ТОП 10 на екс-ју просторите според приходите

Вторник, 14 Август 2018 14:38 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Image result for сителНајновата анализа на телевизискиот пазар на просторите на поранешна Југославија покажа дека Пинк ТВ веќе не е на врвот според остварени приходи, но затоа во ТОП 10 влезе нов играч - СИТЕЛ телевизија, како единствена тв од нашата земја.
Словенечката Про Плус која ги емитува каналите Поп ТВ и Канал А е на прво место со приходи од 61,9 милиони евра. Со анализата на комерцијалните телевизии четири хрватски ТВ куќи лани оствариле приход од 102,7 милиони евра. Меѓу големите телевизиски риби е една и од Македонија – Сител телевизија со остварен приход во 2017 година од 7,34 милиони евра.

На листата има дури осум куќи од Србија, четири од Хрватска, четири од Босна и Херцеговина, три од Словенија, една од Македонија, а од Црна Гора нема ниту една ТВ.

Држава Компанија Приходи во евра 2017 Приходи 2016.
1. Сло. PRO PLUS (Pop TV и Kanal A) 61.868.302 54.567.657
2. Хрв. NOVA TV 52.468.452 52.403.554
3. Срб. PINK International 52.305.345 57.923.451
4. Хрв. RTL 40.742.537 41.211.482
5. Срб. Прва ТВ. 29.052.076 25.526.562
6. Срб. HD-WIN Arena Sport 28.403.113 22.441.014
7. БиХ ALJAZERA Balkans 19.216.873 5.826.315
8. Срб. B92 11.375.421 11.611.682
9. Сло. Antenna SL TV (Planet TV) Нема податоци 8.251.566
10. Мак. ТВ Сител 7.346.991 Нема податоци

 

Сподели