Успех на државниот натпревар по информатика

Сабота, 01 Мај 2010 06:13 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Кирил Цветков освои трето место во програмирање

пишува - Оливер Арсовски

Матурантот Кирил Цветков од СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово, освои трето место на државниот натпревар по информатика од областа на програмирањето. Ова е уште еден успех во низата добри резултати кои кратовската гимназија ги постигнува во последната деценија. Оваа диплома ќе му овозможи настап на Кирил на математичката Олимпијада од областа на информатиката. Овој резултат е постигнат под менторство на професорот по информатика Горан Иванов.

Сподели