Вакво чудовиште не е видено! Смок од четири и пол метри убиен во Кратово!

Четврток, 23 Мај 2019 13:21 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altОгромен смок со гигантски размери денес бил забележан во кратовското село Филиповци. При работа на поле, неколку работници во непосредна близина случајно го забележале огромниот влекач, по што со стапови го отепале. Изненадени од големината на смокот, го измериле и се запрепастиле кога метрото покажало должина од 4,5 метри.
Ова не е единствен случај на гигантски влекачи во Кратово, бидејќи пред само неколку дена Тоше Мијалев во дворот на својата викендичка во Кратово отепа змија долга 2 метри.alt

Сподели