Винска приказна од Кратово за Св.Трипун (ВИДЕО)

Среда, 14 Февруари 2018 16:24 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altПразнувањето на Свети Трифун е главно познато според обредното закројување на лозјата. Светецот се смета за покровител на меанџискиот еснаф, но и заштитник на лозарите и градинарите. Во повеќе краишта на Македонија на овој ден се запрскувале лозјата со осветена вода и се изведувало обредно закројување. Култот кон светецот Трифун, години наназад се негувал и во Кратово. За адетите кои кратовци ги правеле на денешниот празник, кој во Кратово се нарекува Свети Трипун, ни раскажа Стевче Доневски во неговиот семеен вински подрум.
Од Стевче Доневски слушнавме и за една интересна традиција која започнала одамна во прочуената Тасева кафана, кога кратовци поради големо невреме, на Св.Трипун не отишле на своите лозја.
Доневски ни раскажа како настанало името на најзастапената винова лоза во кратовско, познатата „кратошија“.
Винската приказна ја завршуваме со чаршиски мајтап. Старите кратовци за мераклиите на вино и пијаниците велеле
: „У буре со вино да га ставеш, сув ќе искоче“.Оливер Арсовски


Сподели