Во Ранковце се одржа едукативна работилница за заштита од интернет злоупотреби

Вторник, 25 Февруари 2020 16:45 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Основците од 9-то одделение од ООУ„Х.Т.Карпош“ од Ранковце денеска (24.02.2020) учеа за безбедноста и сигурноста во интернет просторот на Едукативната работилница за заштита од интернет злоупотреби, што ја спроведе Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка.
Предавач на работилницата беше Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и социјални медиуми, кој на основците им ги пренесе знаењата за главните опасности во онлајн комуникацијата, заштитата од интернет злоупотребите, но и правилата за безбедност и добро однесување на социјалните мрежи.
Посебен акцент беше ставен и на сајбер насилството, кое особено е актуелно во последно време, а како жртви се јавуваат токму малолетни лица.
Едукативната работилница за заштита од интернет злоупотреби е дел од проектот „Медиумско описменување за критичен младински став“, кој го спроведува Центарот за аудиовизуелни уметности, во партнерство со порталот „Аберџија, во рамки на проектот финансиран од Европската унија„ Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“, спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и Евротинк-Центар за европски стратегии.

alt
Сподели