Во сообраќајка кај Кратово загина 22-годишно момче, четворица повредени

Недела, 02 Август 2020 10:41 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

22-годишно момче од Кратово загина во сообраќајна несреќа која вчера се случила на локалниот пат од селото Железница кон селото Крилатица.

-Вчера во 18,15 часот било пријавено дека на локален пат од с.Железница кон с.Крилатица во Кратово, на место викано „Мулинци“ во атар на с.Крилатица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф“ со кратовски регистарски ознаки управувано од Стефан С.(22) од Кратово и патничко моторно возило „голф“ со кратовски регистарски ознаки управувано од М.Д.(29) од с.Талашманци,кратовско. Во незгодата на лице место починал возачот С.С., додека сопатниците од истото возило Г.Г.(33), Д.В.(24) двајцата од с.Железница и Ф.М.(27) од Кратово, заедно со возачот на другото возило М.Д. биле пренесени во Медицински центар Куманово за укажување на лекарска помош, при што на М.Д. му биле констатирани тешки телсени повреди, појаснуваат од МВР.

 Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

alt
Сподели