Во вторник авионско прскање против комарци во Кратово

Петок, 11 Јули 2014 12:10 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Општина Кратово Ве информира дека на ден 15.07.2014 год. (вторник) со почеток од 05.00 часот до 08.00 часот ќе се спроведе првото авионско третирање против комарци во 2014 година.

http://2.bp.blogspot.com/-Pk4U4wHGJd8/UC4M7kZE1FI/AAAAAAAADDA/D7u65uHK5-g/s1600/Hidroavi%C3%B3n+antiincendios.jpgСо третирањето ќе биде опфатено течението на Кратовска река од с.Кетеново нагоре и целото градско подрачје.
Се известуваат пчеларите во времето на третирањето и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците-сандаците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.
Сподели