gogo

A+ R A-


Волци задавиле девет крави во Осоговието

Е-пошта Печати PDF

altЖителите на планинските села во Осоговието се под голем стрес, откако крволочните животни деновиве нападнаа стада со говеда и овци во реонот на селото Пресека и Живалево. Гладните волци движејќи, се во глутници нападнале неколку стада говеда во кочанското село Пресека и задавиле девет говеда.
-Ова е навистина премногу, за едно деноноќие во Пресека пронајдовме дури девет задавени крави. Не знам што се случува, само знам дека волците во овој дел многу напаѓаат, ги има во голем број, па Општината можеби треба да преземе нешто или да се организира хајка за да може да се изловат овие животни. Вака не бива веќе, сточарите ќе се откажат, нема да чуват стока повеќе, вели Стојанчо Соколов, сточар од Пресека.
Направената штета допрва ќе се утврдува, велат сточарите, но јасно е дека мора да се стави крај на ваквите настани, заради животните и заради штетите кои што ги прават крволочните животни. И другите сточари од овој регион велат дека годинава имало енормно голем број на волци. Од стадата овци и кози во кратовските села, волците „заклале“ повеќе од триесетина јагниња и кози, но и крупен добиток. Сточарите веруваат дека со почетокот на ловната сезона на 11 октомври, ловџиите ќе отстрелаат дел од овие крволочни животни и ќе ги спасат сточарите од уште поголеми загуби. О.А.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.