Волк удави магаре во Табачка маала

Четврток, 20 Септември 2018 12:46 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати
Жителите на Табачка маала, на влезот од Кратово, утринава биле вознемирени од агресивен волк кој се симнал од планината и удавил магаре. Настанот се случил околу 3 часот наутро, а го забележала жена која тргнала на работа во пекарски дуќан. Не знаејќи дека се работи за волк, таа фрлила неколку камења во темницата, по што волкот го оставил пленот и избегал кон блиската шума.
Резултат со слика за vuk i magarac
Сподели