Започна реконструкцијата на градскиот пазар во Кратово

Недела, 10 Април 2016 11:04 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altГрадскиот зелен пазар во Кратово наскоро ќе добие нов лик. Со 30 милиони денари, заем од Светската Банка општината ќе се врши покривање на пазарот со што ќе се подобрат условите на земјоделците и приватниците кои ги снабдуваат кратовчани и жителите на околните села со намирници. Гpадоначалникот Мите Андоновски информираше дека тендерската постапка за избор на изведувач е завршена, изберена е фирмата која ќе го покрива пазарот, а градежните активности се очекува да отпочнат наскоро.
Привремено пазарот се префрли на паркингот на Автобуската станица во Кратово.

alt

Сподели