gogo

A+ R A-


Започна санација и крпење на дупки на неколку улици во Кратово

Е-пошта Печати PDF

http://www.opstinakratovo.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/14182360_944893205657090_204061344_n.jpgВо рамките на Програмата за санација и асфалтирање на делови на улици и крпење на ударни дупки на улици и локални патишта за 2016 година на територија на Општина Кратово, денеска започна и спроведувањето на градежни активности околу асфалтирање на делови од оштетените улици во некои населби во општината.

Целосно е завршена улицата Никола Тесла од населбата Вршник и улиците Михајло Апостолски и Митко Димитров во Царина маало, а активностите за крпење на ударни дупки на улиците ќе продолжат утре на останатите делови на територијата на општина Кратово.

Изведувач на градежите работи е градежната фирма „Аква Розита“ Â ДООЕЛ од Кратово.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.