„Здрав чекор напред" - втора средба на СОУ „Митко Пенџуклиски“ и „Исмет Јашари“ - Липково

Четврток, 18 Април 2019 16:16 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Денес во СОУ „Митко Пенџуклиски" - Кратово се одржа втората активност од проектот „Здрав чекор напред" финансиран од УСАИД. Овој проект е во рамките на иницијативата за Меѓуетничка интеграција на младите во образованието, а истиот е во партнерство со СОУ „Исмет Јашари" - Липково. Првата средба во Липково беше посветена на еднодневна едукација во врска со здравата исхрана, а денес во Кратово следуваа практичните активности. Во периодот помеѓу двете средби учениците заедно со нивните наставници - ментори колектираа 20 рецепти кои ги задоволуваат условите на здравата исхрана. Тие јадења денес беа подготвени, сервирани и дегустирани. На тие јадења им се пресмета и калориската вредност, а од иститие се подготви и каталог. Дополнително, се направи и леб од 'ржано брашно со различни семки и се изработи пирамидата на исхраната. Како битен фактор за здрав живот е секако физичката активност, па така кошарката беше дел од самиoт проект. Сите тимови за сите активности беа од мешан етнички состав од двете училишта. Преку активностите учениците имаа можност да се запознаат, да споделат контакти и да се интегрираат надминувајќи ги сите стереотипи и предрасуди. Мора да се напомене дека за време на активностите владееше многу убава и хармонична атмосфера, а соработката и понатаму ќе продолжи.  Младен Мицевски

alt

Сподели