gogo

Oki kom baner 1

A+ R A-


Зголемен бројот на сообраќајни незгоди во Кратово

Е-пошта Печати PDF

Бројот на сообраќајните незгоди на подрачјето на општина Кратово во текот на вторите шест месеци од минатата година е во пораст за 63 отсто, споредено со истиот период во 2016 година, се наведува во Информацијата за безбедносна состојба и превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Кратово, презентирана на последната седница на Советот на општина Кратово.

Според извештајот, во второто полугодие на 2017 година на територија под надлежносРезултат со слика за kratovoт на Полициската станица од општа надлежност Кратово се случиле вкупно 31 сообраќајна незгода, додека во 2016 во истиот период имало 19 незгоди, што е порат за 63,1 отсто. Од вкупниот број незгоди, девет се случиле во населени места, додека 22 на отворен пат, а во нив загинало едно лице, 13 сообраќајки се со повредени лица, додека 17 се со материјална штета под 50 просечни плати во стопанството. Во над 50 отсто од вкупниот број на незгоди причината била неприлагодена брзина на движење.

Во пораст се и нарушувањата на јавниот ред и мир и изнесуваат 51,6 отсто, споредено со истиот период во 2016 година, кога биле 29,1 отсто. Во вотрото полугодие на минатат агодина поднесени се вкупно 47 барања за прекршочна постапка, против вкупно 68 сторители, а најголем број од иввршените прекршоци се физички напади – 15, бројка која исто така е во пораст од 66,6 отсто, споредено со 2016 година.Криминалитетот на подрачјето на општина Кратово во втората половина од 2017 година бележи намалување за 5,4 отсто. Во овој период регистрирани се вкупно 35 кривични дела, додека во истиот период  од 2016 година биле регистрирани 37, што значи криминалот е намален за 5,4 отсто, се наведува во Информацијата.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

DSCF2958

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска264
mod_vvisit_counterВчера2023
mod_vvisit_counterОваа недела2287
mod_vvisit_counterМинатата недела23946
mod_vvisit_counterОвој месец61312
mod_vvisit_counterМинатиот месец167020
mod_vvisit_counterВкупно10257222
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.