gogo

A+ R A-


Жените-социјалистки од Кратово го одбележаа светскиот ден на Ромите

Е-пошта Печати PDF

Во светот и во Македонија денес се одбележува 8 Април – светскиот ден на Ромите. По тој повод , Форумот на жени на Социјалистичката партија посети ромско семејство во Кратово и донираше облека и обувки за самохрана мајка со две дечиња.
-Одбележувајќи го светскиот ден на Ромите, Форумот на жените на Социјалистичката партија преку својот огранок во Кратово сака да даде свој придонес преку донација на обувки и гардероба на ромско семејство со самохрана мајка и две дечиња – истакна Гордана Накова од СПМ.

Ромите во Македонија ги срушија стереотипите и во споредба со останатите ромски заедници од светот,  денеска  ги уживаат сите права. Македонија е прва земја каде Ромите политички се интегрирани и  активно се вклучени во сите институции. Македонија важи за лидер во европски рамки во почитување на правата на Ромите.
Оливер Арсовски

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.