Жител на Кнежево тешко настрада во судир на мотоцикл и автомобил

Недела, 17 Јуни 2018 09:52 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

alt

Вчера попладне во 18.20 часот на ул. „Македонија“ во с.Злетово, пробиштипско, дошло до судир помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.З. (38) од с.Злетово и мотоцикл „Јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од Т.В. (38) од с.Кнежево, кратовско.

Од ударот со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Т.В., кој по укажаната лекарска помош во Здравствен дом и Клиничка болница Штип, бил препратен во Ургентен центар  при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде бил задржан за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Пробиштип.

Сподели