Житието на св.Ѓорѓи Кратовски

Среда, 24 Февруари 2010 16:28 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Кратовци го чествуваа патронот

св.Ѓорѓи Кратовски

пишува: Оливер Арсовски

На денешен ден Светата православна црква го празнува споменот на Свети Ѓорги Кратовски кој на овој ден 1515 година бил мачен, а потоа и спален, на 18 годишна возраст. По занает бил кујунџија и останал како заштитник на златарите и кујунџиите.

Житието вели дека Свети Ѓорги Кратовски е роден во 1497 година во Кратово од родители Димитрија и Сара. По желба на родителите по завршувањето на училиштето пошол на кујунџиски занает кој во Кратово бил популарен и поради рудниците. Набргу станал познат мајстор. Во тоа време турските власт собирале т.н. данок во крв за пополнување на војската која напредувала кон Европа, правејќи војници-јаничари.Знаејќи дека во Кратово нема да остане долго незабележан, решил да замине во Софија, надевајќи се дека поголемиот град нуди повеќе можности да остане незабележан. И во Софија поради способностите набргу се стекнал со углед и бил забележан од турците. Му биле понудени благодетите на царските власти под услов да ја смени верата и да го прифати исламот. Но Ѓорги Кратовски без размислување одбил поради што бил ставен во затвор. Ја бранел верата Христова поради што бил мачен, а потоа и спален.

На иконите Свети Ѓорги Кратовски е претставен како голобрадо момче во кошула со крст во десната рака и маслинова гранка во левата. Над ореолот има натпис:„Свети Ѓорги кој настрада од Селим“.

http://www.sitel.com.mk/video/makedonija/tri-veka-tradicija-na-kratovchani-proslaven-patroniot-praznik

фотографии од прославата може да погледнете на линкот

http://www.facebook.com/album.php?aid=2039375&id=1084197790&ref=mf

Сподели