Змиите нападнаа, два житела на Кратово каснати во еден ден

Среда, 12 Јули 2017 16:18 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

http://reporter.mk/wp-content/uploads/2016/06/314.png

Во само еден ден двајца жители од Кратово доживеаја блиски средби со змии, но за среќа, и двајцата се вон животна опасност. Четиригодишно момче било каснато од змија во близина на спортското игралиште „Мусала“, додека средовечен кратовец бил каснат од шарка додека влегувал во својот автомобил. И двајцата биле однесени со возилата на Брза Помош во Скопје, каде им била укажана лекарска помош.
Поради компликации кај повозрасниот пациент, истиот е направен операција и е во подобра здравствена состојба.

Сподели