gogo

Oki kom baner

A+ R A-


Донирајте за Кико - голманот што повторно сака да застане на нозе

altТежок е фудбалскиот леб, горчлива знае да биде судбината на спортистите. Го искусиле тоа многумина, еден од нив, за жал, е и младиот перспективен голман Кристијан Стоилков. Да, тоа е истиот оној со кој порталот „Аберџија“ на 13 декември направи интервју, во кое младиот дваесетгодишен беровец бликаше од позитивна енергија, со големи планови за фудбалската иднина. Но, сите тие планови пукнаа како меур од сапуница кон крајот на јануари, при еден несреќен судир со Иван Митров, на пријателскиот меч Хоризонт Турново - Брегалница. Страшниот удар во главата остави тешки последици за Кико, кој заврши на оперативна маса, во борба за гол живот. Само брзата интервенција на лекарите му го спасија животот, но не му ја вратија подвижноста. Кико по операцијата не може да ја движи левата рака и нога и му се заканува предвремен крај на голманската кариера.
Гратис лекувањето на државна сметка заврши, сега е потребна и неопходна рехабилитација во специјализиран центар во Словенија, а пари нема. Семејството на Кико е во неможност да ги покрие трошоците, клубот Хоризонт се обидува да помогне, но има финансиска криза во моментов, а животот и кариерата на Кико е во рацете на хуманите граѓани.
„Подршката многу ми значи, иако ја имам само од моите најблиски и клубот. Минав низ пеколен период. Сега сум подобро благодарение на комплетниот лекарски тим тука, во болницата во Охрид. Тие го спасија мојот живот и на нив сум им вечно благодарен. Но, мојата битка не е завршена. Допрва следува најтешкиот дел. Но, сакам пак да бранам, сакам да сум во фудбалот затоа што тоа е мојата најголема љубов. Знам и свесен сум дека ќе биде тешко да се вратам, но ќе се борам!“, најавува Стоилков.
altЈавноста почна да се мобилизира и почнаа да стигаат првите донации. Први ќе помогнат фудбалските репрезентативци и стручниот штаб, кои средствата во висина од 10.000 евра кои им следуваат за повик во репрезентацијата за следниот пријателски меч, ќе ги донираат на Кико. Не би било лошо и фудбалските делегати на претстојното Генерално собрание на фудалската федерација да се откажат од една дневница и да му помогнат на несреќниот голман. Вистински потег би повлекол и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, ако еден мал дел од својата плата тешка 250.000 денари ја пренасочи за лекување на Кико. Очекувам и великанот на македонскиот фудбал, Дарко Панчев, кој претендира да ја преземе федерацијата, да покаже дека во џебот нема „кобра“, туку добрина и хуманост.
За почеток, прошетајте до најблиската банка и парите предвидени за петочен тикет во обложувалници пренасочете ги за Кико. И онака тикетот веројатно ќе ви биде недобитен, а за Кико може да значи зрак надеж во битката за враќање на фудбалските терени.  Оливер Арсовски
Стоилков Кристијан
Централна Кооперативна Банка
320 5000 252 697 42

http://www.aberdzija.com/zabava/kristijan-stoilkov-golman-na-koj-mu-predviduvaat-bleskava-kariera.html

Коментари

За жал, процедурата за отварање донациски број преку мобилните оператори е нешто подолга, така да извесен период ќе се почека на тоа... а дотогаш, преку банкарска транскција...

0 Оливер Арсовски 2016-03-05 20:56 #2

Цитат

ima li donacii preku telefon ?

0 Stojan 2016-03-05 13:43 #1

Цитат

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija logo 7

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1189
mod_vvisit_counterВчера5237
mod_vvisit_counterОваа недела32384
mod_vvisit_counterМинатата недела37197
mod_vvisit_counterОвој месец142145
mod_vvisit_counterМинатиот месец313655
mod_vvisit_counterВкупно8566363
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.