gogo

A+ R A-


Зошто меѓу добитниците на наградната игра „Фискална во рака“ немаше Албанци?

Ура-бура, бидна првото извлекување од наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“. Пристигнаа околу 800.000 пликови на адресата на државна Лотарија, легнаа на сметката на државна Пошта околу 12 милиони денари (200.000 евра), се офајдија печатниците и трафиките од altпродажба на пликови, се офајди Трајко Кузмановски со 50 квадратен стан, Димитар Миладинов со дуќан и Панде Мановски со Пежо 208. На здравје!
Арно ама, листајќи го списокот со добитници, не може, а да не се забележи еден куриозитет. Меѓу 153-те добитници на награди, верувале или не, речиси и да нема Албанци. Само 8 (и со зборови ОСУМ) од 153 наградени се НЕ-Македонци (според имињата, неколкумина се Роми и Турци). Да потсетам дека 1/3 од населението во земјава се не-македонци, па по некоја логика бројот на добитници би требало да се движи околу 50. Овој податок го тера човек на анализа дали се работело за немање среќа при извлекувањето, или, пак, се работи за нешто друго, многу посериозно. Дали оваа бројка е индикатор колку се издаваат фискални сметки и колку се плаќаат даноците во оние населени места каде живеат не-македонци, или можеби се работи за незаинтересираност кај немакедонското етничко население да се учествува во наградната игра. Сепак, да сочекаме уште едно коло за да видиме дали ова било случајност или се работи за фискална недисциплинасо која би требало да се справат државните инсституции.     пишува - Оливер Арсовски

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.