gogo

A+ R A-


Ален Исламовиќ ќе ја зоврива атмосферата на „Џои-фест“ во Крива Паланка

http://i.ytimg.com/vi/XTgANsRgcWc/hqdefault.jpgАлен Исламовиќ, пејачот на легендарниот состав “Бијело дугме“, ќе биде специјален гостин на четвртото издание на поп – рок фестивалот “Џои фест“, што на 22 август ќе се одржи во Крива Паланка. Исламовиќ ќе се престави со бендот „Кад би био бијело дугме“, а концертот е планирано да трае дури три часа. Покрај босанскиот музичар, учеството го потврдија и домашните групи „Ај кју“  и „Шутка рома рап“.

“Настанот ќе се случува на градскиот плоштад и влезот е слободен за сите љубители на добрата забава“, информираат од општина Крива Паланка, која е организатор на манифестацијата.

Досега на “Џои фест“ се преставиле докажани имиња од македонската, но и од регионалната сцена, како Бајага, Бени, Суперхикс и Некст тајм.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.