gogo

A+ R A-


Браќа од кривопаланечко село две недели сексуално се изживувале врз 25-годишна жена од с.Нерав

altДвајца браќа од село Герман, кај Ранковце, киднапирале 25-годишна жена, ја ограбиле и ја силувале речиси две недели.

Имено, СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С. (25) и Б.С. (32), двајцата од село Герман, општина Ранковце, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „силување“. 

Тие, во периодот од 9.12.2015 година до 21.12.2015 година во местото викано Гарејци атар на село Герман, Општина Ранковце, противправно држеле 25-годишна жителка на село Нерав во нивната семејна куќа во село Герман, при што ѝ ја ограничиле слободата на движење и, исто така, со закани вршеле полови дејствија. 

Пријавените, исто така, ја ограбиле оштетената при што и одзеле 500 евра, мобилен телефон, златно синџирче, а ѝ забраниле да комуницира со нејзините малолетни деца и невенчаниот сопруг. 

Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.