gogo

A+ R A-


ФОТОВЕСТ - Големо невреме во Кетеново, тополи ќе згмечеа возило

Големо невреме попладнево околу 16 часот го зафати кратовскиот крај. Пороен дожд и силен ветерзадесеттина минути направија вистински хаос во атарот на село Кетеново, на 8 километри од Кратово. Разорниот ветер корнеше дрвја и со леснотија ги соборуваше, а само среќата и брзата реакција го спасија Жарко Блажевски од најлошото. Скопјанецот по големо невреме тргнал кон метрополата, а во последен миг го запрел возилото, пред да паднат неколку тополи врз него.
-Се се случи за миг, возев со мала брзина, кога во последен миг забележав дека неколку тополи се надвиснале над патот. Изреагирав секавично и успеав некако да го запрам возилото, на метар-два од местото каде се струполија тополите. Ме делеше една секунда од најлошото, фала му на Бога што се спасив – ни кажа Жарко веднаш по незгодата.  

 

alt

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.